Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пачавуре, колач со готови кори и шербет од портокал (РЕЦЕПТ)

Фото:Јутуб- Принтскрин

Албанската кујна е спој на многу традиционални рецепти богати со зеленчук и квалитетно месо. Близината на морето исто така има големо влијание врз албанската кујна и рецептите што се подготвуваат на нивен специфичен начин. Супите во националната албанска кујна заземаат почесно место, особено супите од риба. Десертите се неизбежни, а пак албанските десерти се секогаш богати со овошје.

Пачавуре е трациционален десерт кој често го подготвуваат албанските домаќинки. Не е тежок за подготовка, особено ако го правите со готови кори. Тоа што ќе ве освои е начинот на редење на корите, како рози во градина и шербетото кој е богат со сок од портокал.

Состојки:

  • 500 гр тенки кори
  • 6 јајца
  • малку путер за премачкување на плехот
  • 250гр шеќер (за смеса)
  • 250мл кисело млеко
  • 200мл масло
  • 1 прашок за пециво
  • 4 големи лажици густин
  • рендана кора од два протокали

Шербет

  • 500мл свежо исцеден сок од портокал
  • 250мл вода
  • 600-700гр шеќерДополнително:
  • 100 гр мелени ореви
  • 3-4 цели портокали

Подготовка:

Во еден сад со вода потопете ги портокалите и додадете малку сода бикарбона. По 30 минути убаво измијте ги портокалите под млаз вода и изрендајте ја кората на најситната страна од рендето.

Потоа, земете соодветен плех и убаво премачкајте го со путер. На дното ставете две кори како подлога, а останатите кори ги виткате како ролни, или популарно кажано како рози се додека ред по ред не го пополните целиот плех. Доколку е прехот со округла форма може да ги вртите корите за да добиете една голема ружа.

Во подлабок сад за матење ги ставате јајцата, шеќерот кои треба убаво да се изматат заедно. Потоа ги додавате маслото, киселото млеко, ренданата кора од портокалите и 4 големи лажици густин.

Целата смеса убаво се промешува и корите се прелеваат рамномерно. Задолжително ја посипувате си мелени ореви.

Печете во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

Додека се пече Пачавурето вие го подготвувате шербетот. Во огноотпорен сад  ги ставата сокот од портокал, водата, шеќерот и варите 5 до 10 минути на тивок оган.

Откако Пачавурето убаво ќе се олади, го сечете на коцки па го прелевате со шербетот и го оставате да поседи на собна температура 3 часа пред да го послужите.

По 3 часа е спремен за уживање!

Добар апетот!

 

Вкусови што се памтат: Албанска кујна -ТАВЕ КОСИ ЕЛБАСАН- Месо и ориз печени во јогурт (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот