Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Флија, кора по кора – без сукање!

Албанската кујна е спој на многу традиционални рецепти богати со зеленчук и квалитетно месо. Близината на морето исто така има големо влијание врз албанската кујна и рецептите што се подготвуваат на нивен специфичен начин. Супите во националната албанска кујна заземаат почесно место, особено супите од риба. Десертите се неизбежни, а пак албанските десерти се секогаш богати со овошје.

Флија е еден вид албанска пита која се подготвува на еден специфичен начин, но традиционално домачинките ја подготвуваат под сач. Овој пат ќе ви претставуме рецепт на Флија кој може сободно да го подготвите и дома во рерна.

Состојки:

  • јајца 3
  • млеко 400 мл
  • вода 500 мл
  • масло 4 лажици
  • сол 1 мала лажица
  • брашно околу 700 гр
    За фил:
  • урда 500 гр (по желба)
  • путер 100 гр (може и масло)

    Подготовка:

Во еден сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте ги, а потоа додавајте постапено од брашното, мешајќи со жица за матење, сè додека не добиете хомогена смеса.

Специфичноста кај овој рецепт е што печете кора по кора во загреана рерна во тава. Секоја испечена кора кога ќе ја извадите од рерна ја премачкувате со масло или растопен путер.

Печете една кора, потоа ја вадите од рерна и ја премачкувате со растопен путер или масло. Потоа посипувате урда врз печената кора и повторно ставате рамномерно од смесата и печете.

Тоа го правите се додека не се потроши целата смеса. Во некои рецепти ја подготвуваат и без додаток од урда , па така ја служат како замена за леб со некое традиционално јадење

Последната која ја премачкувате одозгора со путер или масло и ја печете целата Флија во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Вкусови што се памтат: Албанска кујна – Пачавуре, колач со готови кори и шербет од портокал (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Албанска кујна -ТАВЕ КОСИ ЕЛБАСАН- Месо и ориз печени во јогурт (РЕЦЕПТ)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот