ВИДЕО | Сексот, дрогата и хомосексуалноста цензурирани во кинеската верзија на „Friends“

Instagram

Серијата „Friends“, уште од емитувањето во 1994 година има изградено лојална публика која ја одржува во живот без разлика на нејзината опаѓачка уметничка вредност.

Публиката на „Friends“ во Кина беше навредена од „агресивно“ цензурираната верзија на обожаваниот ситком, со изменети реплики и целосно отстранети наративи поврзани со ЛГБТИ тематиката, пишува „Vice“.

Криминална цензура: Кина ги скастри крајот и поентата на култниот филм „Боречки клуб“

Главните видео платформи во земјата, вклучително и „Tencent Video“, „Alibaba’s Youku“ и „Bilibili“, започнаа со емитување на првата сезона на „Friends“ во петокот, одново по две години. Но, обожавателите набрзо открија дека новата верзија е многу поинаква. На пример, никогаш не се спомнува дека поранешната сопруга на Рос, Керол е лезбејка. Новогодишниот бакнеж на Џои и Чендлер во 10-тата епизода никогаш не се случува.

Кога Џои го советува Рос да „оди во стриптиз клубови“, кинеската верзија гласи „оди на претстава“. И кога Рос вели дека жените можат да доживеат „повеќекратни оргазми“ во петтата епизода, репликата е преведена како „жените имаат бескрајни озборувања“.

Во 15-тата епизода, „The One with the Stoned Guy“(„Таа со напушениот тип“), Фиби вели дека нивниот гостин „Iспуши џоинт, знаеш? Запали трева, коноп, ганџа“. Но, кинескиот превод вели „тој пушел некој многу чуден лек“.

Увезените филмови и ТВ емисии често се уредуваат кога ќе бидат одобрени за објавување во Кина, каде што Комунистичката партија бара целата медиумска содржина да го одразува она што смета дека е правилна естетика, морал и идеологија. Кога „Friends: The Reunion“ беше објавен во Кина минатата година, сцените со Лејди Гага, Џастин Бибер и БТС беа отстранети, веројатно поради минатите политички контроверзии.

ФОТО+ВИДЕО | Кои беа најдобрите моменти од „Friends Reunion“?

Иако сцените поврзани со насилство, употреба на дрога и секс често се отстрануваат од странските емисии, луѓето сè уште се шокирани и лути од големата цензура на ситкомот што беше премиерно прикажан пред речиси 28 години.

Метју Пери конечно ќе ја раскаже својата приказна: Автобиографија вредна милионска сума

Почина актерот Џејмс Мајкл Тајлер од серијата „Пријатели“: Збогум Гантер…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот