Почина актерот Џејмс Мајкл Тајлер од серијата „Пријатели“: Збогум Гантер…
Џејмс Мајкл Тајлер, актерот познат по ликот на Гантер во култната серија „Friends“ почина во неделата наутро по долго боледување од рак на простата на само 59 годишна возраст.
Актерот, кој беше дијагностициран со напредна фаза на овој тип на канцер во септември 2018, починал во својот дом во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
„Светот го познаваше како седмиот „пријател“ од хит серијата „Friends“, но блиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, адвокат за ракот, и сакан сопруг. Тој сакаше жива музика, навивање за неговите „Clemson Tigers“, и често знаеше да се најде себеси на сред забавата или непланирани авантури. Ако еднаш сте го запознале, сте добиле доживотен пријател“, изјави неговото семејство.
View this post on Instagram
За здравствената состојба на Џејмс се дозна на почетокот на оваа година, по неговото појавување на „Friends Reunion“, документарното интервју за култната серија 17 години откако заврши со емитување, каде актерот се појави со видео поздравување иако нестрпливо се очекуваше да го видиме во „Central Perk“ повторно.
View this post on Instagram
Тој подоцна се изјасни за причината зошто не се појави покрај останатите актери, изјавувајќи дека не сака да биде оној кој ќе го уништи расположението во така важен и специјален момент.
Канцерот му бил откриен во 2018 година, но тој ја чуваше информацијата во тајност три години.
View this post on Instagram
Како шанкерот во „Central Perk“ неизмерно заљубен во ликот на Џенифер Анистон (Рејчел) се појавува во 150 епизоди од серијата „Friends“ во периодот од десетте години на нејзино емитување.
Покрај серијата „Friends“ Џејмс глумеше и во неколку други познати американски серии како „Sabrina the Teenage Witch“, „Scrubs“, „Modern Music“, „Just Shoot Me!“ и ред други…
View this post on Instagram
Збогум Гантер, почивај во мир.
View this post on Instagram