„Пријатели“ си заминува од Нетфликс, фановите во паника: „Бесни сме, ќе ја откажеме претплатата“
Филмската платформа Нетфликс месецов ќе ја повлече култната серија „Пријатели“ (Friends) од својата понуда, предизвикувајќи вистински бран незадоволство кај корисниците. Веста за заминувањето на една од најомилените ситком-серии на сите времиња предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што бројни корисници признаваат дека токму оваа серија со години им била ритуал за опуштање и заспивање. …

