ФОТО+ВИДЕО | Кои беа најдобрите моменти од „Friends Reunion“?

EPA
EPA-EFE/Terence Patrick

Една од најпопуларните американски серии, која ги следеше животите на група пријатели во Њујорк во нивните 20-ти и 30-ти години, заврши со емитување во 2004 година, по навршени 10 сезони.

Оттогаш, шансата да се видат сите шест главни членови на актерската екипа заедно како разговараат за времето додека се снимало шоуто, беше исклучително ретка. Сепак, љубителите на серијата го дочекаа долгоочекуваниот собир на пријателите во специјалната епизода „Reunion“, која премиерно беше емитувана во средата.

Ова се неколку од најдобрите моменти од собирот:

Сетот изгледа помал

Епизодата започнува со Дејвид Швимер кој пристигнува во „Warner Bros Studios“ за да го посети реконструираниот сет на „Friends“, вклучувајќи ги двата главни апартмани и кафулето „Central Perk“. Веднаш по него, еден по еден се појавуваат останатите членови на екипата. Повеќето од нив стануваат видно емотивни.

„Сѐ изгледа толку помало, целата сцена“, забележува Мет Лебланк, на што Анистон му одговара, „Сепак, тоа е невозможно, бидејќи не сме пораснале оттогаш“.

Instagram
Instagram

Актерската екипа не ги памети сите епизоди

Метју Пери претходно изјави дека не се сеќава на цели три години од снимањето на „Friends“. Но, изгледа дека тој не е единствениот со тој проблем. Кога Анистон ја споменува епизодата „The One With The Ball“ од петтата сезона, Швимер признава дека не памети дел од неа.

„Постојат сезони што никогаш не сум ги изгледала“, вели Кудроу, додека пак Швимер додава дека постојат делови што никогаш не ги видел, сѐ до минатата година кога неговата ќерка започнала да ја гледа серијата.

На виделина излегоа нови „блуперс“ за кои не бевме свесни до сега

Ако досега мислевме дека сме ги виделе сите можни „блуперс“ или „грешки“ на „Јутјуб“, оваа специјална епизода ни докажа дека не сме во парво. Како на пример, постои една „валкана“ шега што не е дел од сценариото, (ниту пак би можеле да ја пренесеме тука), за време на сцената кога Моника и Чендлер се во кревет.

Instagram
Instagram

Пери и неговата „нездрава“ потреба од смеа

Пери добива најмалку време на екранот за време на повторната средба со останатите шест актери, а кога беше објавен трејлерот, некои фанови изразија загриженост за неговиот изглед и говор (неговите претходни борби со зависноста се документирани). Во оваа епизода, тој трогателно зборува за тоа како оредени аспекти од работата имале длабок емотивен удел во неговиот живот, особено потребата за валидација од публиката на шоуто во живо.

„Имав чувство дека ќе умрам доколку не успеам да ги насмеам“, вели тој. „И тоа не е здраво воопшто. Во моменти кога ќе кажев нешто што требаше да биде смешно и немаше да добијам смеа, ќе почнев да се препотувам и да се грчам. Доколку не ја дибиев очекуваната реакција, полудував. Се чувствував така секоја вечер“.

Квизот на Швимер се враќа!

Швимер го повтори својот квиз од серијата, каде момците и девојките се натпреваруваат едни со други за да видат кој кого познава подобро. Во новата рунда со прашања, тој ги прашува женските членови на актерската екипа да идентификуваат мистериозен глас од аудио клип од постарите епизоди, кој вели: „Тоа е мојот мајмун“. Не им оди баш лесно…

Познати ѕвезди раскажуваат на кој начин серијата влијаела врз нивниот живот

Некои од нив се РМ од популарниот к-поп бенд „BTS“, добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи, како и фудбалерот Дејвид Бекам.

Дејвид Швимер и Џенифер Анистон потврдија дека имале чувства еден за друг и зад камерите.

Иако постоеја сомнежи дека актерите ја прекршиле точката од договорот дека не смеат да бидат во врска еден со друг, сепак Дејвид и Џенифер конечно откриваат дека имале чувства еден за друг, но и покрај тоа, тие завршиле во други врски.

„Првата сезона бев многу заљубен во Џен и во одреден момент и двајцата имавме чувства еден кон друг. Но, тоа беше како да поминуваат два брода затоа што едниот од нас секогаш беше во врска и никогаш не ја преминавме таа граница. Ние секогаш го почитувавме тоа“, открива Давид.

„Се сеќавам дека му реков на Дејвид: „Ќе биде грдо ако сме за прв пат заедно на национална телевизија. Се бакнавме за прв пат во тоа кафуле. Но, целата своја љубов и обожавање ги насочивме еден на друг на Рос и Рејчел“, додаде Џенифер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот