ВИДЕО | Оваа баба стана вистински хит: По вакцината, таа стана и заигра и со тоа ја прослави својата слобода!

Фото: Твитер

Гувернерот на аргентинската провинција Буенос Аирес, Аксел Кицилоф на својот Твитер профил објави видео од една баба која од радост почна да танцува по вакцинирањето.

Како што може да се види, по приемот на вакцината, бабата почна да танцува на воодушевување на присутните.


„Слободата не е да престанете да се грижите за себе, слободата е вакцината“, им порача гувернерот на граѓаните обидувајќи се да ги убеди да се вакцинираат против корона вирусот.

Според локалните медиуми, повеќе од 2,9 милиони дози вакцини се аплицирани во Аргентина, претежно во провинцијата Буенос Аирес.

Видео на денот