Васил Хаџиманов: Кога ќе помине оваа ужасна пандемија, Зафир ќе го испратиме со песна!

facebook
facebook

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина на 28 март како последица компликации поврзани со коронавирусот.

Почина Зафир Хаџиманов

Неговиот син Васил Хаџиманов се обрати на социјалните мрежи информирајќи ја јавноста дека погребот на Зафир ќе биде на 7 април на Новите гробишта во Белград.

Погребот на татко ми Зафир ќе се одржи во среда, 7 април, на Новите гробишта, во кругот на најблиското семејство и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. Кога ќе помине оваа ужасна пандемија, ќе се збогуваме како што доликува и како што заслужува Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Баш како што би сакал тој, како што го живееше целиот свој живот. Ви благодарам од срце за разбирањето и многубројните пораки за поддршка“, напиша Васил на својот фејсбук-профил.

За љубовта на Зафир Хаџиманов кон неговата сопруга: Неговите родители му договориле брак со друга девојка, но тој ја сакал Сенка!

Васил Хаџиманов со реакција по срамните коментари во врска со смртта на неговиот татко Зафир

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот