За љубовта на Зафир Хаџиманов кон неговата сопруга: Неговите родители му договориле брак со друга девојка, но тој ја сакал Сенка!

Фејбук и Приватна архива
Фејбук и Приватна архива

Денеска го загубивме „кралот на шансоните“, познатиот пејач, композитор, актер и поет Зафир Хаџиманов.Човек кој покрај љубовта кон музиката секогаш гласно говорел и за љубовта кон неговата сопруга, пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ.

Животот го поминуваат во Белград, а од таа љубов се раѓа и нивниот син Васил, кој денес е веќе истакнат џез музичар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zafir Hadzimanov (@hadzimanov)

Во едно дамнешно интервју, Зафир зборувал за неговата љубов кон неговата сопруга Сенка, правејќи ги еден од најубавите и најдолговечните познати парови на овие простори, пренесува Репортер.мк.

Зафир и Сенка се вљубиле во Грузија, во Тбилиси, на едно заедничко патување.

„Првпат се бакнавме на ридот „Слобода“ над градот. Таа беше убава и пееше како сон. Сенка штотуку се разведе од пејачот Тихомир Петровиќ. Јас и Тиха, пак, останавме пријатели до крајот на неговиот живот.

Честопати седевме во Камерната сала на Радио Белград, пиевме и зборувавме за сѐ. Се согласувавме во многу социјални дискусии. Моите, мора да признаам, беа малку изненадени од мојот избор.

Мислеа дека сум омилен на женскиот пол и дека ќе завршам со некоја помлада, да бидам „џек“. Тие веќе ми договорија брак со една пејачка која стана многу популарна потоа. Но, кога ќе одлучам нешто, одлучено е“, рекол Зафир во едно дамнешно интервју – пренесува Репортер.мк.

Приватна архива
Приватна архива

Тој раскажал и дека пред да се заљуби во популарната пејачка и актерка, бил во врска со неколку други жени.

„Јас бев развиен, кревав тегови и кога ќе скокнев „ласта“ на море, најмалку пет девојки полудуваа по „Џефри“, така ме нарекуваа. Се забавував со една убава „богаташка“ од Словенија, а потоа и со една Италијанка чиј татко беше директор на најголемата италијанска банка и ми нудеше да живеам во неговата огромна вила во Торино. Живеев како гроф. Но, чувствував голема љубов само кон сопругата“ – изјавил тогаш Зафир.

Фејсбук
Фејсбук

„Бев во војска кога Сенка се породи во Панчево. Немав ни дозвола за излез. Но, влегов во автомобилот и пристигнав во Панчево без дозвола. Јас прв го видов Васил. Тој ме погледна, се тетеравеше и заспа. А јас среќен како глутница кучиња! Сенка и тогаш беше убава, иако се породи со царски рез. Насмеана и среќна. Мислам дека тогаш ја видов толку среќна, а вториот пат беше така среќна кога виде слика од нашата внука Марта на ултразвук“ раскажал тогаш Зафир.

Според изјавите на српските медиуми причината за смртта на Хаџиманов најверојатно е последица од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот