Том Хенкс важи за најдобриот холивудски сопруг, но тоа не било секогаш така – Актерот ја изневерувал својата прва сопруга и ја оставил со две мали деца! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Том Хенкс (64) ретко зборува за својот прв брак со актерката Саманта Лус…

Популарниот актер една година по разводот од првата сопруга Саманта, 1988 година, се ожени со актерката Рита Вилсон, а дури сега откри детали од својот прв брак, кој не пројде така славно. Имено, актерот ја изневерувал сопругата често, а единствено му недостасувале децата (денес 40-годишниот Колин и 38-годишната Елизабет).

Том не бил среќен во бракот долг 10 години, а како што изјави, бил ужасен сопруг и татко. Пред крајот на бракот почнал да донесува одлуки без многу размислување, па така тој се впуштил во авантура со Рита. Само неколку месеци откако ја запознал, започнал да ја изверува Саманта, но тоа премногу го мачело бидејќи всушност не сакал да ја повреди Саманта.

Фото: Профимедиа

Ниту денес не се гордее што поранешната жена ја оставил со две мали деца, но не знаел како поинаку. Од една страна сакал да си удоволи себе си, а од друга страна не сакал никого да повреди, што било невозможно.

Кога се разведувал од првата сопруга многу се грижел како ќе ја оствари својата среќа, но истовремено го уништувало прашањето како неговите деца од првиот брак ќе се носат со фактот дека нивниот татко ја оставил нивната мајка. Том и самиот е дете на разведени родители и отсекогаш забележувал колку разводот на неговите родители го повредил.

Саманта Лус исто така беше актерка, а боледуваше од карцином на коските по што почина кога наполни 50 години.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот