Тест за коронавирусот кој можете да го направите и во домот: Ова се првите две ароми кои нема да можете да ги почувствувате!

Фото: Профимедиа

Индиските научници открија кои мириси прво нема да можеме да ги распознаеме…

Веќе и врапчињата на гранка знаат кои се основните симптоми на коронавирусот, сува кашлица, исцрпеност, температура, а се појавува и губиток на чувството за мирис и вкус.

Аносмијата или губењето на чувството за мирис и вкус е ран знак кој предупредува на зараза со коронавирус, но неодамна новото и многу значајно истражување на индиски научници покажало дека заразените со коронавирус всушност не чувствуваат само одредени мириси.

Индиските научници направиле ароматичен тест на база на 5 различни типови на ароми кои најчесто се користат во домаќинствата во Индија, а тоа се лук, пеперминт, кардамон, кокосово масло и анасон.

Тестирањето било спроведено така што аромите се ставале во вреќички, па волонтерите имале задача да забележат дали го почувствувале мирисот на аромата во вреќичката или не. Во студијата учествувале 49 асимптоматични пациенти и 35 здрави волонтери. Истражувањето било два пати спроведено, а вториот пат бил заменет редоследот на аромите и била додадена вода во тестот.

Првата важна работа која студијата ја открила е тоа дека пациентите кои имаат коронавирус не го губат чувството за мирис во целост – тоа го пријавиле само 4,1 отсто од испитаниците за сите 5 ароми. 38,8 отсто не можеле да препознаат една арома, а 16 отсто – две. Помеѓу здравите волонтери, 14 отсто од нив не можеле да почувствуваат една од петте ароми во вреќичките.

Кога биле споредени сите податоци, индиските научници изолирале две ароми кои Ковид-19 пациенти не можеле да ги помирисаат, а тоа се кокосовото масло и пеперминтот, пренесува „India Times“.

Авторите на истражувањето сметаат дека нивната студија би можела да помогне во препознавање на асимптоматични пациенти, а веруваат дека истиот тест може да се спроведе и како превенција во домашни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот