ТАА не сакаше повеќе да МОЛЧИ: Мажите во Холивуд ЗАРАБОТУВААТ НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ПОВЕЌЕ ОД ЖЕНИТЕ!

профимедиа

Мишел Вилијамс на синоќешното доделување на Еми наградите во Лос Анџелес ја освои наградата за најдобра актерка во категоријата мини-серии или телевизиски филм.

Признанието и го донесе улогата на бродвејската актерка и танчерка Гвен Вердон во серијата “Fosse/Verdon”.

профимедиа

„Следниот пат кога жена, а особено жена со темна боја на кожата, која добива 52 центи во однос на доларот кој го добива нејзиниот „машки колега“ ќе ви каже што се и е потребно за да работи, послушајте ја. Верувајте и!“ изјави Мишел.

Фактот за нееднаквите примања на актерите и актерките во Холивуд се добро позната тема, но за тоа ретко се зборува, иако работите не се менуваат.

профимедиа

Мишел и сама е жртва на овој проблем. Таа била помалку платена за улогата во филмот “All the Money in the World” од колегата Марк Валберг. Таа за повторно десетминутно снимање на одделни сцени добила 1.000, а Марк 1,5 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот