Совет од нутриционистите: Доколку постите овие три намирници мора да ги консумирате!

Фото: Профимедиа

Постот е исклучително лековит за телото, доколку се консумираат здрави и избалансирани оброци…

Постот на вода или постот на масло често не оставаат збунети околу тоа што смееме да јадеме, а да ги добиеме сите важни нутриенти за имунитетот и другите функции на организамот.

Нутриционистот Треј Сандерс ги наброја трите намирници кои задолжително треба да се внесуваат кога постите на масло.

Станува збор за одредени видови на зеленчук, риба и ориз.

„Кога го планирам оброкот, ја гледам пошироката слика, па така тој мора да содржи здрави јаглени хидрати, протеини, зеленчук и за десерт нешто што е природно слатко, без додаден шеќер“, изјави тој.

Фото: Профимедиа

„Во моментот најмногу сакам интегрален ориз, кој е полн со јаглени хидрати со ниско ниво на шеќер. Потоа масна риба, како што е скушата и прокељ како доза за зеленчук“, нагласи тој.

Прокељот многумина не го сакаат бидејќи има по малку чуден вкус и мирис, но Сандерс вели дека тоа е грешка.

„Видовите на прокељ кои денес се одгледуват се многу поинакви од оние порано. Денес тие имаат подобар вкус и мирис, пробајте ќе се уверите. Плус, тој е богат со влакна, витамин Ц и К и фитонутриенти и антиоксиданти“, изјави тој.

За десерт тој препорачува бобинки како овошје, кое е лесно да се комбинира и да се консумира свежо или замрзнато, а исто така е полно со здрави нутриенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот