Соборот на СПЦ одобри канонско единство на МПЦ-ОА

спц
СПЦ / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Соборот на СПЦ денеска одобри канонско единство на СПЦ со МПЦ-ОА, пишуваат српските медиуми.

Така, спорот, кој датира од 1967 година е конечно решен.

Во соопштението на СПЦ се вели:

„По добивањето на актот на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кој го прифаќа општопризнатиот канонски статус, доделен во 1959 година од Светиот архиерејски синод на СПЦ, и изразува надеж дека Српската православна црква ќе го реши статусот, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус, одлучи Светиот архиерејски синод:

– Со благодарност кон Господа и со радост, Собранието го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година;

– бидејќи со тоа се отстранети причините за прекинот на литургиското и канонското причестување, предизвикано со едностраното прогласување на автокефалноста во 1967 година, се воспоставува целосна литургиска и канонска заедница;

МПЦ-ОА не планира одржување заедничка света архиерејска литургија со СПЦ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот