Сите се прашуваат дали тој воопшто постои – Доли Партон е во брак 54 години, а никогаш досега не го покажала својот сопруг

Фото: Профимедиа

Кантри пејачката ги откри своите причини зошто го чува својот сопруг далеку од очите на јавноста…

Американската кантри пејачка Доли Партон (74) е во 54-годишен брак со сопругот Карл Дин, но тие никогаш не се појавиле во јавноста заедно.

Парот застанал на лудиот камен во далечната 1966 година, но со оглед на тоа дека никој не знае како изгледа нејзиниот маж, многумина се прашуваат дали тој воопшто постои.

Фото: Профимедиа

„Многу луѓе во текот на годините мислеа дека сум го измислила сопругот бидејќи тој едноставно не сака да биде под светлото од рефлекторите. Тој е таков, резервиран е и мисли дека никогаш не би имал мир доколку медиумски се експонираше“, раскажа Партон.

Таа откри дека тој потег е еден од причините зошто тие имаат одличен однос.

„Ја почитував неговата одлука. Во една прилика тој ми кажа дека јас сум го одбрала тој свет, а тој ме избрал мене, и дека можеме својот брак да го држиме подалеку од медиумите. И навистина беше така. Заедно сме 56 години, а во брак сме 54 години“, изјави Доли во едно свое неодамнешно интервју.

Фото: Профимедиа

Таа изјави дека смета дека кариерата и помогнала тие толку долго да ја одржат својата љубов бидејќи таа постојано патувала и не биле постојано заедно. Таа верува дека тоа било одлично, бидејќи така не си здодеале еден на друг.

Во 2016 година парот ги обнови заветите на 50-годишнината од бракот.

Фото: Профимедиа

Како што вели таа, нејзиниот сопруг само еднаш за цела нејзина кариера присуствувавл на нејзин концерт. Но и покрај се, тие и понатака се силно вљубени, а деталите од својот брак не сакаат да ги откриваат во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот