Швјонтек без загубен сет до титулата на „Ролан Гарос“ (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Ига Швјонтек е првата грен слем шампионка од Полска и го освои Париз без ниту еден загубен сет на турнирот. Денеска во женското финале на „Ролан Гарос“ Швјонтек успеа со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:1 да ја совлада Софија Кенин (САД).

На патот до финалето полската натпреварувачка триумфираше уште против Вондрушова, Хсије, Бушар, Халеп, Тревизан и Подороска.

Младата 19-годишна тенисерка од Полска дојде до својот прв пехар во кариерата и тоа на еден од четирите најголеми турнири.

За овој триумф таа ќе добие 2.000 поени, премија од 1.600.00 евра, како и скок од 35 места за нејзин досега најдобар пласман, односно од понеделник ќе биде 19 тенисерка на ВТА ранг-листата.

В недела од 15.00 часот е закажано финалето во машка конкуренција, а таму првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите против актуелниот бранител на титулата, Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот