Ѓоковиќ пред финалето: Рафа е мојот најголем ривал! (ВИДЕО)

Фото: твитер

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на „Ролан Гарос“ откако синоќа го победи Стефанос Циципас со 3:0 во сетови.

Првиот тенисер во светот имаше 2:0 во сетови, сервис за меч во третиот и меч топка, но му дозволи на Гркот целосно да се врати на мечот. Циципас го доби првиот гем во последниот сет, а потоа загуби шест во низа.

– Однадвор, можеби изгледав смирено, но не беше така. Го држев тоа во себе, бев потресен и немирен. Но, успеав да преживеам, да победам, и среќен сум поради тоа – рече Ѓоковиќ.

Во финалето в недела (11 октомври, 15.00 часот), српскиот ас ќе игра против Рафаел Надал, кој досега не загуби ниту еден сет на грен слем турнирот во Париз. Шпанецот го елиминираше Диего Шварцман во полуфиналето.

– Рафа е мојот најголем ривал затоа што не сум играл толку многу натпревари со никого. Тој е главен тука, „ова е неговата куќа“. Да се ​​победи Надал на Ролан Гарос е најголемиот предизвик кој постои во нашиот спорт. Очигледно дека условите се различни од оние што сме навикнати да ги играме во мај и јуни. Мислам дека тоа може да биде поголема шанса за мене, очигледно топката не отскокнува толку високо над рамото како што тој (Надал) обично сака. Но, без оглед на условите, тој сепак е таму, тој е Рафа, тој е во финалето, ние играме на земја – додаде првиот светски рекет.

Надал на „Ролан Гарос“ има 99 победи и само два порази. Ја брка 13 титула на Отвореното првенство во Франција, ниту еднаш до сега не загубил во финалето, додека Ѓоковиќ единствениот трофеј го имаше во 2016 година кога го совлада Британецот Енди Мареј со 3:6, 6:1, 6:2 и 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот