Што прават членовите на кралското семејство кога немаат никакви обврски?

Медиумите и светската јавност со големо внимание ги следат ангажманите на кралското семејство, но дали сте се запрашале што прават тие по цел ден кога всушност немаат никакви обврски?

Многумина можеби мислат дека тие зад затворени врати поминуваат часови на каучот, сурфајќи на интернет. Или можеби го испробуваат својот скапоцен накит, уживаат во вкусните оброци…

Но тоа не е така, во последно време за време на пандемијата на коронавирусот, секој член на кралското семејство е задолжен да им пружи поддршка на системите и луѓето кои се силно погодени од здравствена светска криза. Кејт и Вилијам често ги гледаме во посета на болници, кол-центри за поддршка на пациенти и на едукативни семинари во борбата против пандемијата. 

Кралицата Елизабета и сопругот Филип се изолирани од оваа активност поради нивната возраст и ризикот од заболување.

профимедиа

А еве што прават членовите на кралското семејство кога всушност немаат никакви обврски…

Прочитајте и...  Јадете боровинки почесто, може да има огромна корист за вашето здравје

Нејзиното височество Кралицата Елизабета

профимедиа

Иако оваа година наполни 94 години, кралицата Елизабета и понатаму е вредна како пчела. Таа се буди секое утро околу 7:30 часот и свири гајда, а потоа ѝ се посветува на папирологијата. Своето слободно време го користи за пишување писма, организирајќи витешки собири, а потоа има состаноци со својот персонал и претставниците на дипломатијата, црквите, судот и војската.

Сите овие активности во време на пандемијата се одвиваат во одбран круг и со посебен протокол.

Бидејќи кралицата мора да биде организирана, таа на секој му посветува по 20 минути од своето време, а потоа ги носи своите кучиња на прошетка.

Во раните вечерни часови, Елизабета ги проучува извештаите од парламентот, а секоја среда има јавен состанок со премиерот. Ужива во фотографирањето, токму како и војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон.

Принцот Чарлс

профимедиа

Можеби еден ден ќе се појават повеќе информации за слободното време на принцот. Она што сега го знаеме е дека тој е на чело на 13 добротворни организации како што е фондацијата “Принц Чарлс” и Британско-азискиот фонд.

Прочитајте и...  ФОТО: Контроверзен богаташ – На свадба дошол со 6 трудници, сите бремени од него!

Принцот е вљубеник во хортикултурата и и има напишано две книги за екологија.

Освен тоа, слика и акварели иако не добива најдобри критики за своите дела. Способно управува со своите пари и годишно издвојува по милион фунти за своите синови.

Принцот Вилијам

профимедиа

Откако ја напуштил својата хонорарна работа во воздухопловната амбулантна служба “East Anglian”, принцот Вилијам е фокусиран на родителските и кралските обврски. Во времето на пандемијата најчесто овозможува онлајн поддршка за најзагрозените групи, организира состаноци, заедно со својата сопруга, Кејт Вилијам.

Тој своевремено за “BBC” изјавил дека многу сериозно ги сфаќа своите должности и одговорноста кон семејството, како и дека сака да ги израсне своите деца во добри луѓе.

Прочитајте и...  „The Weeknd“ остана без номинација за Греми наградите: „Корумпирани сте!“

Во слободно време, принцот Вилијам обожува да скија.

Војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон

профимедиа

Војвотката е мајка со полно работно време, но токму како и нејзиниот сопруг, во последно време презела повеќе кралски должности.

Кејт е вљубеник во фотографијата и е доживотен почесен член во престижното Кралско фотографско друштво кое го препознал нејзиниот талент и ентузијазам.

Пред две години, војвотката ги здружи силите со својот сопруг и принцот Хари за основање на “Heads Together”, здружение за ментално здравје кое се бори против стигмата за ментално заболените. Ова, без сомнеж ѝ одзема голем дел од нејзиното слободно време.

Во светската здравствена криза е вклучена максимално, посетувајќи ги сите училишта, доктори, одржувајки семинари за најмладите до најстарите со цел да пружи помош и утеха.

Дали навистина сметате дека некој член од кралското семејство има слободно време само за себе?

Поврзани вести

ФОТО: Контроверзен богаташ – На свадба дошол со 6 трудници, сите бремени од него!

Слободен Печат

Одбила да пее за дочекот на 2021: Неда Украден не сака да пее тајно!

Слободен печат

ФОТО | Ја шокирала јавноста, а папата фрлил анатема на неа: Вака изгледала првата Мис на светот!

Ирена Трајкова

„The Weeknd“ остана без номинација за Греми наградите: „Корумпирани сте!“

Слободен Печат

Разговор со акушер Марјан Шилев: Поради ковид-19 се бореа за здив по породувањето, а сега се здрави мајки

Кристина Апостолова

ФОТО: Манекенката Бојана Нушкова повторно сингл! Раскина со Стефан Спирковски!

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian