Шокантно откритие на српска манекенка: Ми нудеа 50-60.000 евра за да го однесам Ѓоковиќ во кревет
Српската манекенка Наталија Шчекиќ ја шокира јавноста кај нашиот северен сосед со својата исповед која ја даде за магазинот „Свет“.
Таа открива дека нејзините менаџери и нивните соработници барале од неа да го заведе Новак Ѓоковиќ за да го уништи неговиот брак со сопругата Јелена.
Планот бил Наталија да го намами најдобриот светски тенисер и да го одведе во кревет, а сето тоа да се сними и потоа видеото да излезе во јавноста. На Шчекиќ и биле понудени помеѓу 50 и 60.000 евра.
– Ме повика еден човек од Белград кого го познавам и за кого мислев дека е сериозен менаџцер. Кога ме контактира, помислив дека ме бара за сериозна работа, за преземење на огласи или за фотографирање. Кога започна разговорот и кога ми го кажа планот, прво што помислив дека е некоја скриена камера и почнав да се смеам. Ми изгледаше како шега, но всушност тој човек беше сериозен. Навистина имаа пеколен план, ми беше кажано да го однесам Новак на некое интимно место и сето тоа да го снимам – вели Шчекиќ која открива дека и биле понудени 50-60.000 евра.
– Понудата изнесуваше 50-60.000 евра и патување од соништата по мој избор. Тоа беше голема навреда за мене. Не сум таква девојка, проститутка… Можам само да замислам што би се случило такво нешто и видеото да би било објавено во јавноста. Би настанал тотален хаос, Новак Ѓоковиќ не заслужува вакви работи.