Се продава парче од свадбената торта на принцот Чарлс и принцезата Дијана старо 40 години

Се продава парче торта старо 40 години, велат дека е во добра состојба
Фото: Profimedia

Парче од свадбена торта на принцот и принцезата од Велс ќе се најде на аукција – 40 години од нивното судбоносно „да“, пренесува „Hello Magazine“.

На денешен ден се случи кралската венчавка, меѓу наследникот на британскиот престол и 20-годишната лејди Дијана Спенсер, на 29 јули 1981 година во лондонската катедрала Свети Павле.Но, нивната бајковита среќа не потраја долго. Тие се разделија 11 години подоцна, во 1992 година и официјално се разведоа во 1996 година.

принцеза дијана
Фото: Profimedia

Имено, едно големо парче торта со глазура и основа од марципан од една од 23-те официјални свадбени торти ѝ било дадено на Мојра Смит, член на домаќинството на мајката на кралицата Елизабета во Кларенс Хаус, која го зачува со прозирна фолија.

Таа парчето торта го чувала во стар калап за торта и залепила рачно изработена етикета на капакот на која напишала: „Внимателно со ова – свадбената торта на принцот Чарлс и принцезата Дијана“, на крај се потпишала и оставила датум.

дијана
Фото: Профимедиа

Семејството Смит го продало парчето торта во 2008 година на колекционер, но парчето торта повторно се појави на аукција, што се совпадна со 40-годишнината од кралската венчавка.

Крис Албери, аукционер и висок проценител на аукциската куќа „Dominic Winter Auctioneers“ во Сиренсестер, Глостершир, во врска со ова рече: „Изгледа дека е во потполно иста добра состојба како и кога првично беше продадено, но ве советуваме да не го јадете“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот