Се јави таткото на Новак: Димитров е виновен

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ кој вчера објави дека е позитивен на коронавирус со што се најде на удар на светската спортска јавност и на колегите тенисери, го обвини Григор Димитов за хаосот на „Адриа тур“.

Бугарскиоте тенисер во неделата објави дека е позитивен на ковид-19 по што експресно беше откажано финалето на „Адриа тур“ во Задар. Веднаш потоа беше извршено тестирање на 22. тенисери, тренери и членови на организацијата, а тројца беа позитивни, Борна Чориќ, тренерот на Димитров и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ одби да се тестира во Хрватска, па се тестираше по враќањето во Белград. По добиените резултати, се испостави дека тој, неговиот како и сопругата Јелена се позитивни на коронавирусот, по што се најде на удар на светската спортска јавност, но и од колегите тенисери. Вчеравечер, Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи истакнувајќи дека му е жал и не биле во право за коронавирусот.

Ѓоковиќ и Димитров / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Сепак, неговиот татко Срѓан смета дека Новак не е виновен.

– На никого не му е сеедно, па ниту на Новак за тоа што се случи. Новак се чувствува очајно. Но, тоа е што е, и од ова мора да излеземе посилни, да сфатиме дека ова мора да помине и на некој начин сите да се заштитиме. Но, зошто се случи ова? Бидејќи Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде… Не се тестираше во Белград, Задар, туку на некое друго место… Мислам дека тоа не е во ред. Ни нанесе голема штета на нас како семејство, но и на Србија и на Хрватска – рече Срѓан Ѓоковиќ во интервјуто за хрватската телевизија РТЛ.

Светската јавност упати остри критики за „Адриа тур“ нарекувајќи го „хорор-шоу“, а тенисерите побараа оставка од Ѓоковиќ истканувајќи дека неговото однесување е „несовесно“ за време на панедмија. Сепак, има и спортисти кои застанаа на страната на најдобриот српски тенисер.

Ѓоковиќ: Многу ми е жал, не бевме во право и беше прерано!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот