Голема шампионка го критикуваше Ѓоковиќ поради „Адриа тур“

twitter/ATP Tour

Новак Ѓоковиќ е на удар на многу играчи и медиумите поради организирањето на регионалната турнеја „Адриа тур“.

Настанот во Задар не го доживеа својот крај, прво се дозна за позитивниот тест на коронавирус на Григор Димитров, а потоа и Борна Чориќ и уште двајца тренери на егзибицискиот турнир.

Ѓоковиќ одби да се тестира на коронавирус во Хрватска, тоа го направи во Белград заедно со неговото семејство, соопшти тимот за односи со јавност. Наскоро се очекуваат и резултатите.

Денеска нови критики за најдобриот светски тенисер дојде и од славната Крис Еверт. Американката која во текот на нејзината кариера седумпати го освои „Ролан Гарос“, шестпати „УС Опен“, трипати „Вимблдон“, а двапати „Австралија Опен“.

Не разбирам…нема социјално дистанцирање, тотално физички контакт, без маски, дури и навивачите беа без маски. Не сфаќам… не е паметно…се надевам дека никој друг нема да има позитивни тестови. Оздрави Григор – напиша Еверт на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот