Играше на „Адриа тур“ и сега ќе оди во карантин, Димитров позитивен на корона

григор димитров/ EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Григор Димитров кој играше на првите два хуманитарни турнири „Адриа Тур“ во Белград и Задар е позитивен на коронавирус.

Димитров во текот на вчерашните натпревари во Задар се повлече од турнирот поради температура и заминал за Монако каде се тестирал на ковид-19, а резултатот бил позитивен.

Димитров, Зверев и Ѓоковиќ ви Белград/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претходно Димитров беше дел од првиот турнир во Белград каде играше и се дружеше со Новак Ѓоковиќ, Александер Зверев и Доминик Тим, топ 10 тенисери на АТП ранг листата.

Бугаринот за оваа вест преку социјалните мрежи ги извести своите фанови.


Претходно по завршувањето на турнирот во Белград, Тим се врати во Австрија и неговиот тест беше негативен на ковид-19, додека вечерва и утре се очекува да се тестираат и останатите тенисери кои играат на „Адриа Тур“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот