Македонскиот каратист Петар Заборски ќе се бори за бронзата на Европското првенство во Задар

Петар Заборски (десно) / Фото: Макпетрол

Петар Заборски има шанса да освои бронзен медал на Европското првенство кое се одржува во Задар, Хрватска.

Македонскиот каратист во категоријата -75 кг. оствари три победи против Даниел Сантионеану од Романија со 2:0, Евангелос Семеметакис од Грција со 2:1 и Давид Подсклан од Словачка (1:0).

Во полуфиналната фаза нашиот натпреварувач загуби од Хрватот Иван Мартинац со 3:0.

Во борбата за бронзата Заборски за противник ќе го има Португалецот Тијаго Дуарте.

На овој европски шампионат учествуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот