Шекил О`Нил: Честитки до Јокиќ, но сезонава не ја заслужи МВП наградата

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер нагетс/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ по трет пат во кариерата е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Јокиќ, центарот на Денвер нагетс во трката за МВП признанието зад себе ги остави Шеј Гилџус Александер и Лука Дончиќ, играчите на Оклахома, односно Далас.

Доаѓаат честитки од сите страни, но има и незадоволни со ваквиот избор, меѓу нив е и еден од најдобрите, најдоминантните центри во историјата на кошарката, Шекил О`Нил.

Според четирикратниот НБА шампион, Јокиќ сезонава не ја заслужи МВП наградата:

– Не сум среќен со овој избор. Честитки до Јокиќ, тој е најдобриот центар во лигата. Но, врз основа на сите критериуми, моите критериуми, статистика, прв носител, кој тим има подобар учинок, сметав дека Шеј Александер го заслужи МВП признанието – вели О`Нил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот