Селекторот на Фарските Острови ликува по победата над Македонија: Подобро не можеше да биде

EPA-EFE/Marcin Bielecki

Македонската ракометна репрезентација претрпе тежок пораз кај Фарските Острови во првиот меч од баражот за пласман на Мундијалот. Кај Фарчаните владее голем оптимизам пред реваншот во Скопје в недела, каде ќе стартуваат со седум гола предност. Селекторот на островјаните Петер Бредсдорф-Ларсен вели, не можат да бидат позадоволни од ситуацијата

Шансите на македонската ракомета репрезентација да се пласира на Светското првенство 2025 изгледаат далечни по убедливиот пораз на првиот меч во баражот за Мундијалот, со резултат 34-27 за островјаните кои играа дома.

Фарчаните ликуваат по победата по која со едната нога се на Мундијалот и ако успеат да се пласираат, тоа ќе биде за нив учество на само второто големо натпреварување во нивната ракометна историја, по настапот на ЕП 2024 минатиот јануари.

Селекторот на Фарските Осторви, Петер Бредсдорф-Ларсен, ги испофали своите играчи и најави слична игра и во Скопје.

– Не можеме да бидеме позадоволни од резултатот во првиот меч. Добри бевме во нападот, а не помалку и во одбраната. Бевме фокусирани цело време, а ќе бидеме фокусирани и во Скопје в недела во реваншот – вели селекторот на Фарчаните.

Крилото Лејвур Мортенсен е оптимист и што се однесува до вториот меч, во недела во Скопје.

– Тие мислат дека го имаат најдобриот домашен терен на светот, па ќе биде возбудливо да се обидат, а ние можеме само да растеме додека продолжуваме – вели самоуверениот Мортенсен.

Оли Митун, левиот бек на Фарчаните истакнува дека Македонија е многу подобра на домашен терен.

– Постигнавме убав резултат против една од поголемите репрезентации, но тие обично се многу подобри на домашен терен во Скопје, па се уште ништо не е решено – вели Митун.

Реваншот се игра в недела во „Борис Трајковски“ во Скопје ( 19 ч).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот