Ѓоковиќ: На добар пат сум да бидам во врвна форма на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој е слободен во првото коло на турнирот во Рим, Италија, вели дека е на добар пат да биде во топ форма на најголемиот турнир на земјена подлога.

Србинот изјави дека турнирот во Рим кој започна вчера, како и следниот период ќе го искористи за што подобро да се подготви за „Ролан Гарос“ во Париз кој ќе се одржи од 20 мај до 9 јуни.

– На добар пат сум да бидам во врвна форма на Ролан Гарос. Одработив добар тренинг, се надевам дека ќе играм подобро во Рим отколку во Монте Карло, целта е да одам што подалеку – рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Рим.

Во второто коло на турнирот во италијанскиот град Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот Корантен Муте – Роман Сафиулин.

– Задоволен сум како поминаа последните 14 дена. Со оглед на тоа што следуваат Ролан Гарос, Вимблдон и Олимпијадата, ова е важен период за мене. Но, да тренираш со спаринг партнери не е исто како да играш против најдобрите играчи во светот. Морам повторно да го пронајдам мојот ритам – додаде Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер оваа сезона учествуваше на четири турнири и сè уште нема освоено титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот