Ѓоковиќ позитивен на коронавирус

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој е организатор на „Адриа Тур“ објави дека тој и неговата сопруга Јелена се позитивни на корорнавирус.

Првиот турнир од „Адриа Тур“ серијата се одржа во Белград пред десетина дена, а финалето на вториот турнир во Задар кое требаше да се игра во неделата е откажано откако Григор Димитров објави дека е позитивен на коронавирус.

Сите учесници на „Адриа Тур“ се тестираа и резултатите покажаа дека позитивни се и Борна Чориќ, тренерот на Димитров и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, додека српскиот тенисер се тестираше дури вчера по доаѓањето во Белград.

„Веднаш по доаѓањето во Белград се тестиравме, а мојот и тестот на Јелена се позитивни додека децата се негативни. Се што направивме во изминатите еден месец го работевме со чисто срце и искрени намери. Турнирите беа од хуманитарен карактер со цел да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им овозможиме да играат и да остварат приходи и на тој начин полесно да го пребродат овој период. Во исто време сакавме да испратиме пораки на солидарност и респект, фер-плеј, да им помогнеме и на хуманитарните организации и на тие кои помошта им беше најпотребна.
Организиравме турнир во моменти кога вирусот слабееше верувајќи дека имаше услови за одржување на турнирите. Навистина ми е жал за секој позитивен случај од овие настани, ги следам изјавите на докторите и се надевам дека бројот на позитивни нема да се зголеми. Јас ќе останам во изолација во наредните 14 дена, за пет дена повторно ќе се тестирам“, порача Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот