Не стивнуваат критиките за Ѓоковиќ: Тоа беше хорор-шоу

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тенискиот свет нема милост кон организаторот на „Адриа Тур“ и критики доаѓаат од сите страни.

Нападите и критиките кон Новак Ѓоковиќ доаѓаат од сите страни, и од медиумите но и од неговите колеги, тие се шокирани од сцените од турнирите во Белград и Загреб кои се играа пред публика.
Објавата на Димитров дека е позитивен на коронавирус покрена лавина реакции.

– Тоа беше хорор-шоу. Видов огромна неодговорност и незрелост. Дури и да се наоѓаш на Северниот пол, немој да одиш на забави и потоа да објавуваш на Инстаграм. Беа толку неодговорни за што не можам да ги пронајдам вистинските зборови – изјави бразилскиот тенисер Бруно Соареш за „ГлобоЕспорте“.

Зборови не бираше ниту британскиот тенисер Даниел Еванс.
– Не верувам дека забавата беше неопходна, на неа видовме дека сите стоеја еден до друг, а сега имаме двајца позитивни на корона. Ѓоковиќ треба да чувствува одговорност поради тоа како се се заврши. Ова е лош пример дури и доколку правилата во некоја земја тоа го дозволуваат. Но, пандемијата не е шега, тие целосно ги занемарија безбесносните протоколи – вели Еванс.

Критички настроен беше и пријателот на Ѓоковиќ, Енди Мареј.
– Доколку сите мора да бидат затворени во „балон“, која ќе биде казната за тие што ќе ги прекршат правилата и ќе излезат од него. Замислете ја оваа ситуација, во последните денови од УС Опен некој кој се пласирал во завршницата да ги прекрши правилата. Тој отишил да се прошета на Менхентн и потоа добија вирус поради кој не може да игра во четвртфинале или полуфинале. Тоа би било неверојатно фрустрирачки. Како точно мислите дека можете да се забавувате и да го контролирате сите мерки на безбеност. Не сум сигурен дека тоа е возможно – смета Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот