Ѓоковиќ одби тестирање во Хрватска

фото: твитер

Првиот тениски рекет по пристигнувањето во Белград, ќе контактира со епидемиолог и неговиот лекар, ќе ја продолжи постапката според препораките на медицинската служба.

Новак Ѓоковиќ одлучи да не биде тестиран за коронавирус во Задар, туку да изврши лекарски преглед дури откако се врати во Белград.

Моментно најдобриот тенисер во светот не почувствувал никакви симптоми ниту членови на неговиот стручен штаб, па затоа решил да не биде тестиран во Задар и по пристигнувањето во Белград, тој ќе контактира со епидемиолог и неговиот лекар, ќе ја продолжи постапката според препораките на медицинската служба, пренесува „seebiz.eu“.

Новак не почувствувал никакви симптоми и не отиде на тестирање, се враќа дома во Белград и кога ќе пристигне ќе се јави кај епидемиолог и ќе ги следи препораките на медицинската служба. Кога станува збор за Бања Лука, одлуката ќе биде донесена во наредните денови – се вели од организацијата „Адриа Тур“.

По неговото пристигнување во српската престолнина, во зависност од проценката на општиот лекар, ќе преземе чекори, а до тогаш ќе се придржува кон мерките за самоизолација.

Да потсетиме, турнирот во Задар во рамките на „Адриа Тур“ беше прекинат откако Григор Димитров беше позитивен на коронавирус. Другите учесници на турнирот беа доброволно тестирани во Хрватска.

Тренерот на српскиот ас, Горан Иванишевиќ, според сопствено признание, пред три дена направил тест за коронавирус на своја иницијатива и беше негативен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот