Димитров го исплаши Ѓоковиќ, оди итно на тестирање на корона

Димитров, Зверев и Ѓоковиќ во Белград/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Позитивниот тест на Григор Димитров на коронавирус ги исплаши сите учесници на хуманитарниот турнир „Адриа Тур“, а највеќе организаторот Новак Ѓоковиќ.

Димитров пред неколку часа објави дека по враќањето во Монте Карло се тестирал на коронавирус и резултатите не биле добри за него, поради што експресно беше одложено финалето на турнирот во Задар.

Исто така експресно ќе бидат тестирани на коронавирус сите тенисери кои беа дел од турнирот како и лицата од организацијата,како што се Новак Ѓоковиќ, Александер Зверев, Андрфеј Рубљов, Данило Петровиќ, Пеѓа Крстин, Нино Сердарушиќ, Марин Чилиќ, и Горан Иванишевиќ, Ива Мајоли…

– Откако ја дознавме веста на позитивниот тест на Димитров ги презедовме сите пропишани мерки од владата на Хрватска за да ги заштитиме сите кои беа во непосредна близина на Григор. Во наредните часови сите кои имаат контакт со Димитров ќе бидат тестирани – изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ, директорот на „Адриа Тур“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот