Ѓоковиќ: Многу ми е жал, не бевме во право и беше прерано!

фото: flashscores.com

Српскиот ас напиша дека навистина му е жал поради сето ова и ги повика сите оние кои беа на турнирот „Адриа Тур“ да се тестираат.

Новак Ѓоковиќ, моментно најдобриот тенисер на светот кој е позитивен на коронавирус вечерва се огласи преку социјалните мрежи.

Српскиот ас напиша дека навистина му е жал поради сето ова и ги повика сите оние кои беа на турнирот „Адриа Тур“ да се тестираат.

Здраво на сите. Се вративме назад во Белград и бев позитивен на тестот за Ковид-19, како и Јелена (неговата сопруга). Тестовите на нашите деца се негативни. Ќе останеме во самоизолација во наредните 14 дена и ќе повториме тест за пет дена.

Многу ми е жал што нашиот турнир предизвика штета. Сè што направивме јас и организаторите изминативе месеци, беше со чисто срце и искрени намери. Верувавме дека турнирот („Адриа тур“) ги помина сите здравствени протоколи и здравјето на нашиот регион изгледаше добро за конечно да ги обедини луѓето од добротворни причини. Не бевме во право и беше прерано.

Не можам да опишам колку ми е жал поради секој случај на зараза. Доколку сте биле на турнир, тестирајте се и дистанцирајте се. Останатиот дел од турнирот е откажан. Се молам сите да закрепнат целосно – напиша Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот