Тенисерите бараат оставка од Ѓоковиќ

twitter.com/usnewzcom

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, денеска објави дека тој и неговата сопруга Јелена се позитиви на коронавирус и се најде на удар на светската јавност.

Сите го осудуваат неговиот проект „Адриа Тур“ бидејќи освен него се заразени уште петорица кои беа дел од турнирите во Белград и Загреб, тенисерите Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки, тренерот на Бугаринот како и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ.

Но, освен од медиуми, Ѓоковиќ е под притисок и на останатите тенисери кои бараат негова оставка како претседател на советот на тенисери.

Американскиот магазин „Спортс Илустрејтед“ тврди дека Ѓоковиќ веќе ја понудил оставката и за него ќе се разговара по итна постапка.

Исто така и швајцарскиот „Блик“ тврди дека оставката е логичен чекор бидејќи Ѓоковиќ во време на пандемијата на коронавирусот не се однесувал одговорно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот