„Ролан Гарос“: Надал за финале против Шварцман! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Досегашното најголемо изненадување на грен слем турнирот во Париз, Јаник Синер го заврши настапот откако беше елиминиран од вториот носител Рафаел Надал.

Шпанскиот тениски ас ја оправда фаворитската улога откако со резултат 3:0 во сетови го елиминираше италијанскиот натпреварувач за скоро три часа игра.

Првиот сет беше најнеизвесен, Рафа го освои дури во тај-брејкот со 7:4, во вториот сет славеше со 6:4, а во третиот со 6:1.

Шпанецот го одигра јубилејниот 100 меч (учинок 98-2) во кариерата на Отвореното првенство во Франција и го обезбеди 13 полуфинале на овој турнир.

Надал за пласман во големото финале ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман кој претходно го совлада Доминик Тим од Австрија, третиот носител на „Ролан Гарос“. Минатиот месец на турнирот во Рим токму Шварцман во четвртфиналето го совлада Надал со 2:0 во сетови 6:2 и 7:5.

Втората полуфинална двојка во машка конкуренција ќе се дознае после одигрувањето на осминафиналните мечеви: Новак Ѓоковиќ-Пабло Карењо Буста и Андреј Рублев-Стефанос Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот