„Ролан Гарос“: Шварцман славеше во маратонскиот меч против Тим! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Диего Шварцман е првиот полуфиналист во машка конкуренција на грен слем турнирот во Париз откако во пет сета го елиминираше еден од најголемите фаворити за титулата, Доминик Тим.

Во меч кој траеше пет часа и осум минути Аргентинецот успеа да го елиминира австрискиот натпреварувач со резултат 3:2 во сетови за негово прво грен слем полуфинале во кариерата.

Првиот сет го доби Шварцман со 7:6, во тајбрејк беше подобар со 7:1, а Тим возврати со пресврт освојувајќи ги наредните два сета со 7:5 и 7:6 (6).

Следуваше израмнување на 2:2 откако Шварцман повторно излезе како победник во тај-брејкот (7:5), а во решавачкиот петти сет славеше со убедливи 6:2.

За пласман во големото финале на „Ролан Гарос“ аргентинскиот тенисер ќе игра со подобриот од дуелот Јаник Синер (Италија) и Рафаел Надал (Шпанија).

Сензација на Ролан Гарос: Квалификантка ја исфрли третата носителка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот