Прв медал и за Србија, Микец се закити со сребро во Токио

Фото: EPA-EFE/Michael Reynolds

Дамир Микец го освои првиот медал за Србија на Олимписките игри во Токио, тој во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Со златен медал се закити Џавада Форуги од Иран со 244,8 кругови во финалето со нов олимписки рекорд.

Микец го освои второто месро резултат од 237,9 кругови, а на третата позиција заврши Кинезор Веи Панг (217,6).

– Уште не сум свесен од успехот. Веќе долго сакам да ги комплетирам сите медали, недостастасуваше само олимпискиот во мојата кариера – рече Микец по освојувањето на сребрениот медал.

Дамир во неколку наврати беше на работ на испаѓање, но успеа да преживее во борбата за четвртото и петтото место, а подоцна и за третото и четвртото, со ударите што решија.

Потсетување дека во квалификациите македонскиот репрезентативец во спортско стрелаштво го освои 21 место од вкупно 36 натпреварувачи.

ФОТО: Бранковски го освои 21 место, без финале на Олимписките игри во Токио

Кина го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот