ФОТО: Бранковски го освои 21 место, без финале на Олимписките игри во Токио

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

На Летните олимписки игри во Токио во 06.00 часот наутро по средноевропско време настапи првиот македонски олимпиец, Борјан Бранковски во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Во квалификациите нашиот натпреварувач успеа да го освои 21 место од вкупно 36 натпреварувачи.

Бранковски успеа да погоди вкупно 573 кругови, во третата серија (од вкупно шест) беше најдобар со 98 кругови. Само пет кругови Борјан пропушти влез во финалето и борба за олимписки медал. Со овој резултат, најдобриот македонски стрелец (24 години) докажа дека и тоа како има потенцијал и висок квалитет за уште поголеми дострели на меѓународен план.

Најдобар резултат во квалификациите имаше Шаудари Саураб од Индија со 586 кругови.

Фото: Принтскрин/olympics.com/tokyo-2020

Најдобрите осум обезбедија пласман во финалето, а резултатите можете да ги погледнете ТУКА

Следниот ден на 25 јули во 04.00 часот по средноевропско време, Арбреша Реџепи ќе го има својот настап во женскиот џудо турнир за натпреварувачки до 52 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот