Кина го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Токио

Фото: EPA-EFE/Michael Reynolds

На Летните олимписки игри кои се во тек веќе се доделуваат првите медали, Кина успеа да дојде до првото злато од вкупно 339 колку што ќе бидат доделени во Токио.

Натпреварувачката од Кина, Кијан Јанг триумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.

Со последниот истрел Јанг дојде до победата, севкупно славеше со резултат 251,8 кругови што претставува нов олимписки рекорд.

Среброто го освои Анастасија Галашина од Русија со резултат 251,1 кругови, а „бронзена“ е Швајцарката Нини Крсиетн (230,6).

Кина дојде до уште еден златен медал исто така во женска конкуренција, во кревање тегови во класата до 49 кг. најдобра беше Жихуј Хоу со подигната тежина од 210 килограми пред Саихом Чану Мирабаи од Индија и Сантика Винди Аисах од Индонезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот