Поранешен телохранител раскажа за работењето за некогаш најмоќниот холивудски пар, една работа посебно го изненадила

epa-efe
EPA/JIMMY MORRIS

Марк Били Билингем некое време работел како телохранител на Анџелина Џоли и Бред Пит, на кои и денес многу добро се сеќава.

Поранешниот припадник на Австралискиот полк за специјални воздушни сили, попознат како „SAS“, Марк Били Билингем работел како еден од телохранителите на некогаш моќниот, денес поранешен холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит, а за тоа искуство реши да проговори сега.

Денес 55-годишниот Марк откри дека со Анџелина и Бред и нивните деца му било навистина одлично, во текот на сите 18 месеци колку што бил со нив. Во тој период имал една задача која била поважна и поприоритетна од сите останати, а тоа е безбедноста на нивните шест деца.

Фото:Профимедиа

„Најмногу се грижев дали некој ќе се обиде да ги киднапира, за пари некој би можел да го направи тоа. Џоли и Бред водеа многу грижа за тоа кој се движи околу нивните деца“, изјави тој во интервјуто за Woman’s Day.

Тој додаде дека еден детал особено го изненадил.

„Една работа која ме изненади за време на соработката со нив беше начинот на кој управуваат со времето, како имаат доволно време за семејството, за работата, па се до занимавањето со добротворните активности“, призна Марк, кој бил телохранител и на некои други ѕвездо од А-листата, како Том Круз и манекенката Кејт Мос.

Фото: :EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Џоли и Бред се венчаа во 2014 година по десет години врска, а две години подоцна побараа развод, кој се уште не е службено финализиран поради борбата за старателство над децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот