Покрената истрагата: Кој го објави специјалниот таен протокол во случај на смрт на кралицата Елизабета

Фото: Инстаграм

Покрената е истрагата за аферата која британското кралско семејство и целиот кралски престол го потресе уште пред неколку години, а во која од владата во Велс во јавност излезе протоколот наменет во случај кралицата Елизабета да почине, пренесува Sky News.

Кралицата Елизабета Втора
Британската кралица Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Операција Лондонски мост

Протоколот го носи името „Операција Лондонски мост“, а содржи бројни информации, како точното време во кое ќе се објави смртта на кралицата и детали за погребот. Утврдена е и точна процедура според која новиот монарх ќе ги посетува земјите кои се уште се под кралската круна, но и начинот на кој, на пример, Канада и Нов Зеланд на јавноста службено ќе и ја соопштат оваа вест.

Кодот за смртта на кралицата ќе биде „Лондонскиот мост е спуштен“(London Bridge is down).

„Службено и доверливо“

Податоците кои протекоа во јавноста , според зборовите на секретарот на велшката влада Ендрју Гудал, се службени и доверливи. Тој напомена и дека велшката влада целата ситуација ја сфаќа како исклучително сериозна и дека ја третира како кршење на безбедносните правила.

Кралицата Елизабета Втора
Кралицата Елизабета Втора / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Информациите кои протекоа наводно случајно биле испратени до еден поранешен вработен во владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот