Ова е најдобриот филмски лик на сите времиња, а би можело да ве изненади кои други се во Топ 10 (ФОТО)

Фото: IMBd

Форест Гамп е прогласен за најдобар филмски лик на сите времиња, барем судејќи според повеќе од 1,1 милиони гласови на љубители на филмови кои учествувале во анкетата на порталот „Ranker.com“.

Листата на порталот кој сака да рангира различни работи вклучува изведби на некои од најголемите актери на сите времиња во култни филмови, епски драми, комедии, акции и суперхеројски филмови и многу други жанрови.

Најмногу гласови на листата која се уште е отворена за гласање добил Форест Гамп, протагонистот на филмската адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година. Филмот на Роберт Земецкис од 1994 година се смета за класика на современата филмографија, а комичната драма која изобилува со цел спектар на различни емотивни превирања го претвори Том Хенкс во еден од најсаканите актери на светот, чии цитати од филмот и денес се прераскажуваат, особено тој со бонбониерата коj веќе многумина го сметаат и за клише.

На второто место на листата на „Ranker“ се најде Вуди, каубојот од анимираниот филм „Toy Story“ додека на третото место е Т-800, роботот кој го отелотвори Арнолд Шварценегер. Во топ 5 се наоѓаат и Дамблдор од „Harry Potter“ и R2D2 од „Star Wars“.

Најдобрите 20 ликови на сите времиња според листата, можете да ги погледнете во продолжение, како и да гласате за своите омилени ликови – ТУКА.

Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот