Објавена книгата „Двојно стакло“ од Халдора Тородсен

Смртта полека ѝ се приближува на една постара жена што живее сама во својот мал стан во Рејкјавик. Таа секојдневно го набљудува светот низ двојното стакло на прозорецот во својата кујна. Нејзиниот сопруг неодамна починал, бројот на пријателите се намалува, здравјето ѝ се влошува и енергијата и живоста постепено се цедат од нејзиното тело. Сè што ја очекува е изолација и смрт. Но одеднаш се случува чудо.

Нова љубов го раздвижува нејзиното осамено постоење, давајќи ѝ надеж, но и сомнежи и стравови. Свесна за генерациското табу, кое буди потсмев, се прашува: како ќе гледаат другите на оваа љубов? Приказна раскажана без сентименталност, со цврст и полн стил, чија оригиналност со право се стекнува со Наградата за литература на Европската Унија во 2017 година и со престижната Исландска награда за литература за жени во 2016 година.

Овој роман следниот месец ќе биде промовиран и во Скопје во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar“ со гостување на авторката Халдора Тородсен.

Халдора Тородсен (1950) е исландска писателка. Дипломирала педагогија и уметност во Исланд. Работела како учителка, графички уредник во дневен весник, раководител на ликовната наставна програма за основните училишта и како програмски директор во радио. Пишува во повеќе жанрови, и тоа поезија, кратки раскази, микрофикција и романи.

Македонското издание на книгата е преведено од Мери Кицовска, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија, Министерството за култура на Република Македонија и Исландската книжевна фондација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот