Нов, позаразен, вид на коронавирус на северот на Хрватска: Научникот Ѓикиќ објаснува зошто се шири побрзо

Фото: screenshot RTL/index.hr

Научникот Иван Ѓикиќ од Универзитетот Гете во Франкфурт за Н1 изјави дека статистиките за епидемијата на ковид-19 во Хрватска се нецелосни, дека Националниот штаб е многу загрижен, како и дека шкотскиот вид на SARS-CoV-2 што се појави и во Хрватска е мутација на вирусот која се шири побрзо од обичниот коронавирус.

Ѓикиќ, како што пренесува index.hr, истакна дека граѓаните на Хрватска во моментот се најпогодени во Европската Унија (ЕУ), бидејќи покрај пандемијата на ковид-19, во 2020 година беа погодени и со два стравични земјотреса. Притоа изрази недоумица за малиот број на тестови и објасни што, според него, не е во ред со статистиката во Хрватска.

– Кај новозаболените сè уште е нејасно зошто антигенските тестови не ги потврдуваат со ПСЦ тестови, па и тие позитивни лица влегуваат во статистиката. Уште помалку е јасно зошто лицата кои починаа во старечките домови, а беа позитивни на коронавирус, не се вброени во вкупниот број на починати од коронавирус во Хрватска, се прашува Ѓикиќ.

Тој рече и за кој број на лица станува збор за оние кои не се влезени во статистиката на починати од ковид-19 што, според него, требало да бидат вметнати.

– Се работи, според наши информации, за преку 400 лица кои починаа или во домовите за стари лица или во приватно сместување. Значи не во болнички услови. Ако не ги броиме тие луѓе, ние не знаеме дека во домовите имаме голема смртност и не делуваме превентивно, смета Ѓикиќ.

Имунитет на стадо?

Ѓикиќ даде свое мислење кога би можело да се смета вакцинирање на 60 отсто и на имунитет на стадо.

– Сигурен сум дека до средна на годината ќе имаме 60 отсто вакцинирано население. Нема доволно вакцини ниту во ЕУ, ниту во Хрватска, за да се вакцинира населението во кус временски рок. Но, со новите вакцини, светот гравитира кон доволно дози на вакцини од вториот до шестиот месец во годината. Ако тоа трае предолго, вирусот би можел да почне да создава отпорни варијанти и така да и бега на вакцината, истакна Ѓикиќ.

До март и април, секако, според него Хрватска ќе нема друг начин за одбрана од ковид-19, освен со заштитни маски, одржување на физичка дистанца, хигиена и други мерки.

Најава за трет бран

Бројките во Хрватска се нецелосни, смета Ѓикиќ што го поткрепи и со изјавата на раководителот на Националниот штаб, Давор Божиновиќ за она што се случува во позадина.

– Се најавува и тој трет бран кон средината на јануари што е последива, не само на Божик и на Нова година, туку и на трагичните моменти во Хрватска со земјотресите. Мора да бидеме исклучително внимателни и го повикувам Штабот да не оди со намалување на мерките. Мора да почекаме до 15 или 20 јануари, да видиме дали оној тренд на намалување на заразените и малиот пад на хоспитализации, дали тоа се одразува во Хрватска и дали може да се планира февруари, вели Ѓикиќ.

Тој предупреди и на феноменот што се појави во Европа, каде населението знаеше малку да се опушти по мерките и попуштање на епидемијата, па вирусот повторно се враќаше по што се развија нови видови.

Неколку нови видови на коронавирус

Дури и во Велика Британија има јужнолондонски и јужноанглиски, има велшки тип, има тип од Јужна Африка, има шкотски вид, истакнува Ѓикиќ.

– Токму тој вид што се појави во Шкотска е регистриран и во Хрватска. Станува збор за подмутација на С-протеинот кој е важен за влез во човековата станица. Тој протеин е како врата што се отвора за вирусот да влезе внатре. Се појави мутација што овозможува полесен влез. За среќа, ниедна од тие мутации не предизвикува потежок патолошки ефект, нагласува Ѓикиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот