Британска министерка: Геноцидот во Сребреница утврден правно, а не политички и не се однесува на српското општество

Британската министерка за европски прашања Нус Гани денеска во Белград изјави дека геноцидот во Сребреница е правно заснована, а не политичка одлука и дека не е рефлексија на српскиот народ, туку се однесува на извршените злосторства и нивната намера.

Резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници ќе биде претставена на Генералното собрание на ОН на 23 мај, а е спонзорирана од триесетина земји. вклучувајќи ја и Велика Британија.

Таа во разговор со српските новинари потенцираше дека геноцидот во Сребреница го утврдил Меѓународниот кривичен суд врз основа на докази.

„Одредувањето на геноцид е неверојатно висока граница што треба да се постигне. Тоа е правно заснована, а не политичка одлука. Таа не се однесува на српското општество или на српскиот народ, туку станува збор за извршени злосторства и намера, рече таа.

На прашање на агенцијата Бета како го коментира ставот на српските власти во однос на усвојувањето на резолуцијата, таа одговори дека српските власти треба да размислат како да одат напред, и дека на патот кон помирувањето е важно да се прифати што се случило. – Злосторствата што се случија мора да се прифатат, тоа е единствениот начин да се оди напред кон помирување, оцени министерката.

Зборувајќи за влијанието на Кина и Русија врз Србија, Гани вели дека рускиот претседател Владимир Путин е тоталитарен империјалист и дека се обидува да ја дестабилизира Европа.

Мораме да направиме се што можеме за да обезбедиме Украина да ја добие потребната поддршка за да се одбрани од Путин. Путин се обидува да ја дестабилизира Европа, Украина не штити сите нас, бидејќи ги брани либералните демократии, суверенитетот, владеењето на правото“, истакна британската министерка за европски прашања Нус Гани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот