Мицотакис: „Ова не го кажувам со радост“ но ако не го почитуваат договорот нема ЕУ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на говор во Лерин уште еднаш го повтори неговиот став дека доколку Скопје не го почитува Договорот од Преспа и настојува да го оспорува јадрото на тој договор не треба да се надева на продолжување на европскиот пат.

Посочи дека „ова не го кажува со радост“, бидејќи, како што рече, Грција сака да има добри односи со соседите.

– Граѓаните на Северна Македонија не сакаат ниту тензии, ниту национализам. И посакувам и се надевам дека ќе се вразумат и ќе се вратат на правилниот пат, рече Мицотакис.

Потсети дека Нова демократија беше против Договорот од Преспа, но како што посочи, тогаш со апсолутна искреност рекол дека не може да се промени, да се искине или да се смени со еден закон и член, бидејќи е меѓународен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот