Силно невреме го погоди Липково, селото побелено од град со големина на орев

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град попладнево го зафати кумановскиот регион.

Според објавите и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи, во селото Липково паѓал град со големина на орев и целиот простор е побелен.

Во Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово била пријавена материјална штета на викенд куќа во селото Младо Нагоричане, каде што имало и уништени родни дрвца, а во Липковско биле пријавени штети на земјоделски површини.

Во Куманово, пак, како што пренесува дописничката на МИА, поради големата количина дожд и недостигот на атмосферска канализација, водата се слевала по улиците.

Од Центарот за управување со кризи попладнево информираа дека во подрачјето околу Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора има значителна нестабилна облачна маса која се движи во правец кон Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот