Без Република Северна Македонија е и официјалната веб-страница на претседателката Сиљановска-Давкова

Од денеска e ажурирана официјалната веб-страница на Претседателот на Републиката, откако нова шефица на државата е Гордана Сиљановска-Давкова. Впечатливо е дека на почетната страница на сајтот, до грбот на претседателот нема назив на институцијата, односно не пишува „Претседател на Република Северна Македонија“.

Уставното име на државата, Република Северна Македонија, фигурира само под описот на државата кога ќе кликнете на категоријата „МК“, каде се наведени општите географски, демографски и други податоци за државата.

И под категоријата „Претседателка“ не е наведено дека е на Република Северна Македонија.

Во информациите за нејзините средби со амбасадорите само е наведено дека претседателката  Сиљановска-Давкова остварила средба.

Претседателката Сиљановска-Давкова на инаугурацијата на 12 мај при читањето на заклетвата го изостави уставното име на државата и наместо Република Северна Македонија изговори само Македонија.

Инаку, на официјалните веб-страници на институциите до грбот или амблемот на институцијата, како на пример на Владата или на Собранието, пишува Влада на Република Северна Македонија, односно Собрание на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот