Грција: Опозициската Сириза повторно реагира за името, власта не сака да ги усвои меморандумите за Македонија

Не престануваат реакциите во соседна Грција поради употребата на старото име од официјалните лица во Македонија. Меморандумите за Македонија пак се уште еден камен на сопнување помеѓу власта и опозицијата во Грција.

Опозициската партија во Грција, СИРИЗА, предупредува дека Преспанскиот договор предвидува дека името на државата е неотповикливо и без разлика како ја нарекуваат официјалните лица, со тоја „не можеле да постигнат ништо во НАТО“.

Оваа најнова реакција доаѓа од портпаролката на СИРИЗА Вула Кехаја во интервјуто за грчкото радио „Talk Radio 989“

За трите меморандуми кои опозициската партија повторно ги донесе во Парламентот, Кехаја посочи дека ако беа ратификувани, „ќе беше зацврстена преговарачката позиција на Грција во однос на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ“.

„Еден од протоколите, што се однесува на нејзините односи со ЕУ, ќе ни дадеше можност да им извршиме многу поголем притисок и да влијаеме врз нив“, рече портпаролката на СИРИЗА.

Кехаја посочи дека Нова демократија, иако вели дека станува збор за „лош договор“ сепак, во суштина го поддржува, но никогаш нема јавно да го каже тоа.

„Ако сака, Нова демократија може да се повика на член 19, кој вели дека ако едната страна – или дури и двете страни – да не го почитуваат, може да се обратат до Обединетите нации, да бараат посредство од генералниот секретар на ОН и да имаат решавање. Владата не сака да го стори тоа, бидејќи го поддржува и го поздравува Договорот“, истакна Кехаја.

Претходно, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис рече дека во никој случај немало да се ратификуваат меморандумите сè додека трае оваа ситуација. Тој порача дека Грција ќе го следи „развојот на настаните од новата Влада на Северна Македонија“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис пак, во интервју за грчкиот весник „Македонија“ ги повлече врвените линии на Грција кон соседните земји Северна Македонија, Албанија и Турција.

„Од наша страна го повикуваме новиот претседател да избегне слични незаконски и провокативни избори, кои секако категорично наведуваме дека нема да ги прифатиме. Се подразбира дека европскиот курс на Скопје зависи од чесното почитување на договореното. Затоа, раководството на Северна Македонија мора да сфати дека од пријателството со Грција треба само да профитира“, рече Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот