Упадот на косовската полиција во српските банки не бил координиран со меѓународните партнери

фото: Принтскрин/Косово онлајн

Не стивнуваат реакциите за упадот на косовската полиција во филијалите на „Поштенска штедилница“ во четирите српски општини на Косово. Американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер вели дека оваа акција не била координирана со меѓународните партнери.

-Таа операција ја зголеми тензијата и ја поткопа перцепцијата за добрата волја на Косово за решавање на отворените прашања со Србија преку дијалог предводен од ЕУ, рече Ховениер, повторувајќи го ставот на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека „американската Влада постојано повикува на координација на нашите влади за поддршка на напредокот на Косово на евроатлантскиот пат, а последен пат тоа го направи потсекретарот Елизабет Ален на средбата со премиерот Курти на 19 мај“.

Американскиот амбасадор изјави дека вчера немало владина координација и дека САД се загрижени и ја повикуваат Владата на Косово да се врати на дијалогот и да одговори на „основните потреби на сите нејзини граѓани, особено на оние кои се директно засегнати од одлуката на Централната банка на Косово да ја прекине употребата на динарите.

КФОР бил информиран за таа акција непосредно пред почетокот на упадот на косовската полиција во филијали на банката Поштанска Штедилница во четири општини на северот на Косово соопшти денеска мисијата.

Како што наведува мисијата во соопштението, припадници на КФОР не биле вклучени во таа акција.

-Мисијата очекува навремени консултации за секоја акција на косовската полиција или КБС што може да влијае на регионалната безбедност. КФОР продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ…неопходно за напредок на дипломатијата, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот