Во Грција годишно се дават околу 360 луѓе, на плажите недостасуваат спасувачи

Секоја година во Грција околу 360 луѓе ги губат животите во вода, а 98 отсто од нив се давења во море, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) по повод светски ден за превенција од давење, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од 2023 година, 68 проценти од смртните случаи се на плажи на кои не постои спасувач, што, како што истакнуваат од ЕОДИ, „ја покажува големата важност плажите да имаат спасувачи“.

Во изминатите пет години, месец со најмногу давења е јули, а потоа следува август, додека времето од денот кога се случуваат најмногу давења е помеѓу 12 и 13 часот.

Од почетокот на годинава, заклучно до 23 јули 2024 година биле регистрирани 215 несреќи со смртни последици во море, од кои 98 во текот на јули.

Како главни причини за давење се наведуваат недостиг на надзор на децата, немање ограда во базените, консумирање алкохол, игнорирање на временската прогноза, неправилно користење елеци за спасување и заштитна опрема во активностите на вода, но и тоа што некои не знаат да пливаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот